НАСА одлучи договорот, за изградба на систем за слетување што ќе донесе астронаути на површината на Месечината во 2024 година, да му го даде на Илон Маск, односно на компанијата SpaceX, а тоа создаде револт кај американскиот Џеф Безос кој преку неговата компанија Blue Origin ја тужеше американската влада.
Се работи за договор вреден 2,9 милијарди долари.
Федералниот суд, како што соопшти компанијата на Безос, ја разгледува „незаконската и несоодветна проценка на предлогот на НАСА“.
Владината канцеларија за одговорност застана на страната на НАСА минатиот месец по нејзината одлука да избере само еден снабдувач за лунарен лендер, отфрлајќи го протестот на Blue Origin.
НАСА тогаш објави дека може да потпише договор со само една компанија поради намалување на трошоците.