Научниците на НАСА планираат да лансираат слики од голи луѓе во вселената со надеж дека ќе привлечат вонземјани, пишуваат британските и американските медиуми.
Покрај прикажувањето на голи луѓе, ќе има и повик до интелигентните вонземјани да одговорат доколку најдат „вселенски чинови“. Другите цивилизации, сепак, не треба да бидат премногу шокирани од актите, бидејќи тоа нема да бидат фотографии на вистински голи луѓе, туку цртежи на гол маж и жена кои мавтаат покрај структурата на човечката ДНК.

Научниците на НАСА ја открија сликата во студија која е дел од проектот наречен „Бикон во галаксијата“ (BITG). Главната цел на проектот BITG е да испрати порака до сите вонземски цивилизации кои би можеле да бидат таму.

Покрај голите луѓе и ДНК, научниците се обидоа да прикажат и гравитација и очекуваат вонземјаните да ги разберат сите бинарни пораки бидејќи веруваат дека бинарната претстава е веројатно универзална. Научниците во својата студија објаснуваат дека иако концептот на математика во човечки термини е потенцијално непрепознатлив за вонземската интелигенција, бинарното е веројатно универзално за сета интелигенција.

„Бинарната форма е наједноставната форма на математиката бидејќи вклучува само две спротивни состојби: нула и една, да или не, црно или бело, маса или празен простор“.
Меѓународен тим на научници објави детали за проектот во студијата наречена A Beacon in the Galaxy: Updated Arecibo Message for Potential FAST и SETI Projects.