Македонија

Насилни протести пред Собрнието – искршени камери и микрофони на новинари

Насилни протести пред Собрнието – искршени камери и микрофони на новинари

Во инцидентите што се случија вечерва пред Собранието повредени се неколку полицајци и приведени се најмалку пет лица.

Според информациите, на новинарите од ТВ24 им биле искршени камерата и микрофонот на телевизијата, додека пак искршени биле и сите предни стакла на Собранието.

До инцидентот дојде откако ескалираше револтот на дел од толпата и се појавија демонстранти со фантомки, кои почнаа да фрлаат со секакви предмети кон специјалците.

Демонстрантите во моментов се повлечени, но зад нив улицата остана полна со камења, бекатонки, канти за отпад, лименки, хартија….

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни