Одлука на Советот на јавните обвинители
Советот на јавните обвинители ја определи обвинителката Наташа Крстевска-Цалева за вршител на должноста виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, почнувајќи од 12.06.2026 година, сè до изборот на нов виш јавен обвинител, но најдолго до шест месеци, согласно член 25 став 3 од Законот за јавното обвинителство
Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје доцни. Претходниот обид за избор, пред околу три месеци, пропадна, по што неодамна беше објавена нова листа на пријавени кандидати. За разлика од првиот пат кога имаше седум пријави, сега се пријавени пет кандидати.
Пријавени кандидати
- Енѓелуше Кадриу Леши – обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција; неодамна го презеде предметот „Талир 1“ за наводно незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
- Фатиме Фетаи – виш јавен обвинител и поранешен кадар на СЈО; конкурираше и на претходниот оглас.
- Артан Ајро – виш јавен обвинител; беше кандидат и на претходниот оглас.
- Јасмина Костеска Здравеска – обвинителка од Републичкото јавно обвинителство.
- Теута Бедиу Рамадани – шефица на Основното јавно обвинителство Куманово.
Нови огласи и кадровски засилувања
Советот објави огласи за избор на:
- Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка,
- еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје,
- тројца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Со овие избори, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде засилено со тројца нови обвинители.