Свет

НАТО се состанува утре: Полска го активира членот 4 по падот на две ракети

НАТО се состанува утре: Полска го активира членот 4 по падот на две ракети

Членките на НАТО ќе се сретнат утре на барање на Полска врз основа на член 4 од Алијансата, изјавија за Ројтерс двајца европски дипломати.

Според член 4 од основачкиот договор на Алијансата, членките можат да покренат секакво прашање загрижувачко, особено поврзано со безбедноста на земјата-членка.

Еден од дипломатите рече дека НАТО ќе дејствува претпазливо и дека му треба време да провери како точно се случил инцидентот.

Ако тоа е случај, тоа би го потврдило консензусот меѓу многу експерти кои сугерираат дека е малку веројатно Алијансата да избере да се повика на членот 5 – кој најверојатно би вклучил директен одмазднички воен напад против Русија и голема ескалација и проширување на конфликтот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни