Нацев: Шекеринска остави илјадници војници неколку недели без организиран платен превоз

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска остави илјадници војници неколку недели без организиран платен превоз, рече денеска од пред Министерството, Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Илјадници војници од 30-тина населени места во државата со недели немаат организиран платен превоз од своето место на живеење до касарната во која се распоредени. Од овој документ се гледа дека војници од 30-тина населени места, опфатени со 16 линии со денови немаат организиран превоз, а за да стигнат до касарната во која работат плаќаат од сопствен џеб“, изјави Нацев.

Тој додаде дека војниците се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, па до работа одат со сопствен превоз и на сопствен трошок.

„Сето ова се случува додека Шекеринска одвојува 1 милион евра од Буџетот на Минисерството за Одбрана за поддршка на капитулантскиот договор. Еден милион евра изнесува сумата со која може да се покрие повеќе од една третина од годишниот превоз на армијата и тоа за сите 45 дестинации, но наместо за превоз на војниците, Шекеринска се одлучи овие пари да ги даде за промоција на капитулантскиот договор за промена на името“, обвини Нацев.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното