Нацртајте ги усните со моливче како професионален шминкер – направете 3Д ефект и заборавете на филери

Техниката на цртање на горната усна со молив не е ништо ново. Професионалните шминкери со децении користат моливче за усни за да ја подобрат формата и исполнетоста на устата. Овој тренд се повеќе добива на популарност меѓу ѕвездите кои редовно ги гледаме во елегантни изданија на црвениот тепих – од Џенифер Лопез до Кендал Џенер.

Меѓутоа, моливот за усни, доколку не се примени на вистински начин, лесно може да доведе до прекумерен, лажен изглед. Особено кога користиме молив во боја на природна основа за усни. Сепак, не мора на почетокот да го исклучувате моливчето во боја – важно е да го следите природниот облик на усните и да се раководите од познатата мантра „помалку е повеќе“. Клучот не е во тоа да се претера.

Значи, каде да се повлече линијата?

Користете нијанса на молив малку потемна од природниот тон на усните веднаш до линијата на усните – за рамка и обликување. И не застанувајте тука. Две различни нијанси на молив ќе создадат поприроден, поцелосен изглед. Користете посветла нијанса – која одговара на тонот на вашите усни – за да го надополните просторот од линијата до усната. Ова создава дополнителна димензија, клучна за илузијата.

На крајот, нанесете кармин или сјај во нијанса што одговара на посветлиот молив. Сјајната текстура (за разлика од мат) дополнително ќе придонесе за 3-Д ефект на пополни усни.

Цртањето на усните со молив за поцелосен изглед, како што споменавме погоре, ќе изгледа најприродно со неутрални нијанси. Но, доколку сакате да го пробате со посветли или потемни нијанси, сепак држете се до принципот на потемна нијанса надвор од линијата на усните, посветла внатре, со намера да создадете омбре ефект.

Бонус совети:

Тап молив за усни може да ви ги повреди и изгребе усните. Колку е поостар моливот, толку попрецизна ќе биде вашата апликација.

Нанесете го моливчето со мала четка за усни или едноставно нежно допрете го со врвовите на прстите за да добиете природен и елегантен изглед.

Користете хидратантни формули, кои природно ќе ја надополнат вашата кожа. Сувото моливче за усни ќе има спротивен ефект.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното