Меѓународен тим на научници објави дека успеале да пробијат речиси 2,8 километри во карпата на Антарктикот, каде што добиле примерок од мраз стар најмалку 1,2 милиони години. Ова достигнување ќе даде клучни информации за еволуцијата на атмосферата и климатските циклуси на Земјата.
Според италијанскиот глациолог Карло Барбанте, координатор на проектот Beyond EPICA, анализата на мразот може да открие како се промениле концентрациите на стакленички гасови, хемикалии и прашина во атмосферата. Претходните примероци на мраз добиени од тимот биле стари 800.000 години и покажале дека дури и во најтоплите периоди од тоа време, концентрациите на јаглерод диоксид и метан не биле толку високи како што се денес. „Денес гледаме нивоа на јаглерод диоксид за 50% повисоки отколку што биле во кое било време во последните 800.000 години“, рече Барбанте. Проектот Beyond EPICA е финансиран од Европската Унија, а во неговата имплементација учествуваат научници од цела Европа. Експертите се надеваат дека оваа работа ќе помогне подобро да се разберат климатските промени и улогата на луѓето во овие процеси