Научниците на НАСА ја открија најголемата комета некогаш видена

Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА утврди дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и дијаметар од 80 километри.

Нема причина за грижа, бидејќи научниците проценуваат дека ќе помине околу милијарда и пол километри од Сонцето, во 2031 година.

За прв пат беше забележан во 2010 година, но дури сега Хабл го потврди неговото постоење.

Џиновскиот вселенски патник е поголем од која било претходно откриена комета.

„Отсекогаш се сомневавме дека оваа комета е голема бидејќи беше многу светла дури и на големи растојанија“, вели Дејвид Џевит, професор по астрономија на Универзитетот во Калифорнија.

НАСА ја нарече кометата Бернардинели-Бернштајн затоа што првпат ја открија Педро Бернардинели и Гери Бернштајн.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното