Научниците објавија нови откритија – aнализата на земјотресите откри чудни промени во јадрото на Земјата

Една нова студија покажа дека внатрешното јадро на нашата планета ја менува својата физичка природа, што научниците го открија сосема неочекувано. Не само тоа, туку истражувачите веруваат дека јадрото на Земјата претрпува изненадувачки структурни промени кои можеби малку влијаеле на должината на секој ден.

Иако науката долго време беше свесна за промените во внатрешното јадро на Земјата, повеќето истражувања досега се фокусираа на начинот на кој таа ротира. Но, сега открија дека далеку под нашите нозе се одвиваат друг вид на активности, пишува Independent.

Внатрешното јадро се наоѓа на околу 3.000 милји (4.800 километри) под површината на Земјата. Гравитацијата го држи во стопеното, течно надворешно јадро. Истражувачите ја започнаа својата работа со анализа на забавувањето на ротацијата на внатрешното јадро. Но, додека вршеле истражување, тие пронашле докази дека внатрешното јадро не е толку цврсто како што се мислеше, пренесува tportal.

Ова откритие дојде од студијата на сеизмограми собрани во текот на неколку децении, кои покажуваат податоци за земјотреси. Анализата откри аномалија – еден земјотрес што се издвојува од останатите, што сугерира дека внатрешното јадро не е целосно цврста сфера, како што се веруваше претходно.

„Вискозна деформација“

Всушност, внатрешното јадро се чини дека минува низ процес познат како „вискозна деформација“, во кој ја менува формата и комуницира со надворешното јадро.

Првично, истражувачите беа збунети од податоците, кои вклучуваа 121 повторливи земјотреси на 42 локации во близина на Јужните Сендвич Острови на Антарктикот. Сепак, тие забележаа една серија на сеизмички бранови кои се истакнаа – и кои, по детална анализа, покажаа дека има поголема физичка активност во внатрешното јадро отколку што се мислеше.

Турбулентното јадро на Земјата

„Добро е познато дека стопеното надворешно јадро е турбулентно, но досега немаше докази дека неговата турбуленција може да влијае на внатрешното јадро на временска скала што може да се набљудува во текот на животот на човекот“, рече Џон Видејл од УСЦ Дорнсајф Колеџот за писма, уметност и науки, главен истражувач на студијата. „Она што го забележавме за прв пат во оваа студија е можноста надворешното јадро да се меша со внатрешното јадро.

Ова истражување е опишано во трудот „Annual-scale variability in rotation rate and proximity to the surface of the Earth’s inner’s core“, објавен во списанието Nature Geoscience.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното