Свет

Наводната љубовница на Путин на предложената листа на санкции на ЕУ

Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка, која долго време беше тесно поврзана со Владимир Путин, е додадена на шестиот пакет санкции што го разгледува Европската унија.

Приватниот живот на рускиот лидер е внимателно чуван, но се шпекулира дека таа е негова девојка. Путин првично го негираше тоа, но извештаите велат дека таа оттогаш ги родила неговите деца.

Два извори изјавија за Би-Би-Си во Брисел дека таа е на листата на санкции на Европската комисија. Тоа е поради нејзината улога како претседавач со руската Национална медиумска групација, ТВ и медиумска империја со акции во различни канали и веб-страници.

САД веќе ги таргетираа имотите на две од ќерките на Путин од неговиот прв брак, но не постапија против Кабаева.

Додека 27-те земји на ЕУ се вклучени во тешки преговори за други делови од пакетот санкции, главно за времето на забрана за увоз на руска нафта, предлозите насочени кон десетици руски поединци се помалку контроверзни. Ако го поминат тоа, инволвираните ќе се соочат со забрана за влез во ЕУ, како и со замрзнување на имотот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни