„Не е моја работа“ вели Меџити за тоа зошто Ахмети не е повикан во обвинителството доколку има комуникација со Груби

Вицепремиерот Изет Меџити денеска пред медиумите истакна дека опозициската ДУИ се уште е под влијание на сегавеќе бегалецот и екс вицепремиер Артан Груби.

На прашање за тоа зошто лидерот на партијата Али Ахмети не е повикан во обвинителство доколку има информации дека секојдневно комуницира со Груби, Меџити истакна дека тоа не е негова работа.

„Па не е моја работа тоа мислам, тоа е работа на обвинителството и полицијата. Јас ги познавам од внатре и гледам како функционираат, и гледам дека се уште се под негово влијание“, вели Груби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното