Не го инсталирајте новиот iOS бидејќи има еден пропуст, Вашиот телефон ќе може секој да го отклучи и без да ја знае шифрата

Apple го рекламира iPhone како многу безбеден уред, што е можеби малку смешно кога некој без поголеми потешкотии може да ја заобиколи целата таа безбедност после инсталирањето на најновата верзија на iOS.

Јутјуб видео открива како е можно да се заобиколи lock screen на овој телефон која има iOS 12 без да ја знаете шифрата и да имате пристап до контактите и фотографиите на уредите.

Процесот, кој го откри експертот за безбедност, Хозе Родригез побара Сири да овзоможи Voiceover можност и потоа е потребно да се испрати текстуална порака од друг телефон на iPhone.

Потоа со само двојниот допир на прстот во вистински момент се овозможува пристап до опциите и командите кои инаку не би можеле да ги користите.

Една од тие опции овозможува да пристапите до контактите на телефонот, додека малку покомплициран хак може да Ви дозволи да пристапите и до фотографиите на телефонот.

Оригиналното видео прикажува како овој трик функционира на iPhone 8, но истата техника успешно е испробана и на новите модели iPhone XS Max.