Не ја фрлајте кората од лимонот – шест корисни примени за кои сигурно не сте знаеле

Сите ние веќе добро знаеме колку лимонот е корисен за нашето здравје, а особено за зајакнување на имунолошкиот систем, а дали знаевте дека кората од лимон е подеднакво корисна?

Еве како може да се искористи:

  1. Ги отстранува непријатните мириси

Кора од лимон ги апсорбира сите непријатни мириси. Може да го ставите на дното на кофата или во патиките или чевлите, доколку имате проблем со непријатни мириси на стапалата.

  1. Исчистете ја микробрановата печка

Кората од лимон ставете ја во сад со вода, потоа во микробранова печка. Вклучете ја највисоката температура и загрејте околу 5 минути. На овој начин, бактериите ќе исчезнат, како и непријатните мириси што се создаваат со честа употреба.

  1. Избркајте ги мравките

Лимонот има природна арома што е одбивна за мравките, така што на овој начин, лесно и безболно ќе се ослободите од малите напади. Доволно е да ја ставите кората од лимон на „проблематичните“ места.

  1. Oсвежете го фрижидерот или машината за миење садови

Ставете неколку кори од лимон во фрижидер, машина за миење садови или рерна. Тие ќе апсорбираат непријатни мириси и ќе му дадат на вашиот фрижидер свеж и пријатен мирис.

  1. Чистење на кожата

Исчистете го лицето со кора од лимон ако имате проблем со акни или кожа која брзо се масти. На овој начин ќе го регулирате лачењето на серум, но исто така ќе ги намалите флеките и ќе го изедначите тенот.

  1. Белење на заби

Содржината на киселина во кората од лимон може да ви помогне да ги отстраните дамките на забите. Тријте ги забите со внатрешниот, бел дел од кората од лимон неколку минути. Потоа исплакнете со млака вода. Повторете го третманот од време на време.