Сите знаеме колку новинарската работа е тешка и стресна, а особено кога станува збор за вонредни ситуации.
Ваков случај имаше и младата грчка новинарка Евлампија Реви, која за „Отворена ТВ“ известува за погодените области од пожар.
Имено, таа вчера била на посета во малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија, а кога се приближувала до една од куќите и пришол еден постар човек со кого накратко разговараше и започна да плаче.
Тој и објаснил дека не може да спие со денови, бидејќи се обидува да ја заштити својата куќа од пожар, а новинарката неколку пати бараше од него да си замине, бидејќи не можел да дише од чадот и имало итна евакуација на населението.
Еве за што станува збор:
