„Не, не ви оставија наследство во Африка“ – МВР со предупредување: Внимавајте и добро размислете какви информации споделувате

Различни видови интернет измами имаат една цел – да ги украдат вашите податоци и пари! Внимавајте кога комуницирате „онлајн“ и добро размислете какви податоци споделувате, ги предупредуваат сите граѓани Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тие наведуваат и дека штетата предизвикана од интернет измамите на глобално ниво достигнува милијарди долари!

– Незабележливите шеми за кои некогаш бараа сложени планови, сега се само неколку кликања за криминалците да земат се што имате. Заштитете ги вашите податоци и приватност на интернет! Бидете мудри, проверувајте ги изворите на информации и никогаш не споделувајте лични податоци со непознати лица – соопшти МВР преку социјалните мрежи.

И МВР сподели неколку совети – Како да се заштитите?