Не се двоумете доколку имате потреба од советување или помош: МЗ отвори броеви за психолошка поддршка

Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.

За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка.

Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните.Министерството за здравство останува посветено на унапредување на менталното здравје и обезбедување на соодветна грижа за сите граѓани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното