Не се покренува постапка за одлуката на Владата за бројот на советници

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за одлуката на Владата за утврдување на бројот на членови на советите на општините, за која беа поднесени три иницијативи. Подносителите, меѓу кои се Скендер Реџепи, Ќенан Алија и пратеници од „Европски фронт“, тврдат дека Владата ја донела одлуката без законско овластување и спротивно на Законот за локална самоуправа, користејќи укината методологија од Пописот 2021.

Според иницијативите, со ваквата одлука се повредуваат членови од Уставот и законите, бидејќи бројот на советници не е утврден врз основа на официјални и правно валидни податоци.

Подносителите укажуваат дека Уставниот суд веќе укинал делови од Методологијата за попис, врз која се темели владината одлука, што според нив е клучен аргумент за нејзиното укинување.

„Каде што се зборува за наводна дискриминација, а поточно само во неколку општини каде што мнозинство население се помалите етнички заедници. Но тоа не точно бидејќи во поголем дел од општините се намалува бројот на советници како на пример Кратово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јагуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување во неколку општини во бројот на советници, а тоа се: Студеничани, Карпош и Кисела Вода. Ова се основните елементи кои треба да се земат в предвид при разгледувањето на иницијативите. Надлежноста Владата ја црпи од Уставот и законот и не во никој случај не станува збор за некаква дискриминација“, изјави Добрила Кацарска, уставен судија.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.