Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија во сирискиот град Тел Абијад во близина на границата со Турција, јавија турските медиуми и сириската Опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата соопшти дека протурските борци и цивили има меѓу загинатите и повредените во експлозија на автомобил – бомба, јави Ројтерс.
Тој град е упориште на некои од најжестоките судри откако турската војска покрена офанзива минатиот месец против курдските милиции на североистокот од Сирија.