Не си ги сакате бутовите? Нема причина за тоа, прашајте ги мажите

Жените многу често без причина се премногу критични кон себе и својот изглед. Мажите просто ги обожуваат токму тие делови кои жените не си ги сакаат.

Многу жени сонуваат за долги и слаби нозе какви што имаат супермоделите, бидејќи уверени се дека на мажите единствено тие нозе им изгледаат убаво и привлечно, но се лажат.

Тоа го потврди и едно онлајн истражување спроведено кај мажите. Тие добија задача да откријат кој дел од женските нозе им е најинтересен и како треба да изгледаат совршените женски нозе.

Речиси 80 % од испитаниците откриле дека обожуваат заоблени и нагласени листови. Тие им се многу повеќе привлечни од послабите листови. Токму тој дел од ногата жените често не си го сакаат и упорно го кријат.

Ништо помалку критични не се и кон бутовите. Жените сметаат дека се преголеми и предебели, но на мажите тоа не им пречи. Нешто помалку од 50 % од испитаниците рекле дека немаат ништо посексапилно од бутовите како што ги има Џенифер Лопез.

Дури 32 % ги издвоиле колената како најсексапилен дел од женската нога, а веднаш зад нив се листовите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното