„Не сме службеници од втор ред“: Полицијата на протест!

Денеска во Скопје се одржува протест од страна на членови на Независниот синдикат на полицијата.

Тие бараат да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови. 

„Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање“, велат од таму.

Како што додаваат тие не се службеници од втор ред и законите не можеле да важат за полицијата само кога треба да се казнуваат полициски службеници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното