Не станува збор за обична обдукција, затоа обдукциоскиот наод за Вања се уште не е готов

Од Обвинителството денеска повторно апелираа да не се шират дезинформации поврзани со убиството на Вања, особено тоа што дел од српските и хрватски медиуми објавија, а македонските медиуми за кликови со Google translate превод објавија дел од написите кои се морбидни.

„Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста“, велат од Обвинителството.

Инаку подолгиот период за обдукцискиот наод е потребен бидејќи не станува збор за обична обдукција.

Што во моментов проверува Судска медицина не може да се открие, бидејќи тоа би ја нарушило истрагата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното