Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го угости италијанскиот премиер Џорџо Мелони во Белата куќа во Вашингтон. Тој многу топло ја пречека на влезот во Белата куќа, по што заедно ручаа и им се обратија на медиумите.
По воведниот говор, тој се осврна на темата за војната во Украина. Преговорите за прекин на војната во претходниот период паднаа во втор план поради царинските мерки.
„Не го сметам Зеленски за одговорен, но не сум задоволен од начинот на кој започна војната. Не сум задоволен со него, не сум задоволен од никого инволвиран“, рекол Трамп, според „Гардијан“.
Trump: "I don't hold Zelenskyy responsible, but I'm not exactly thrilled with the fact that that war started … so I'm not happy with him." pic.twitter.com/pctLjlJ6L3
— Aaron Rupar (@atrupar) April 17, 2025
Тој продолжи со истиот тон. Повторно го „искаса“ украинскиот претседател.
„Не го обвинувам, но она што сакам да го кажам е дека не ја заврши добро работата. Не сум негов голем обожавател“, додаде американскиот претседател.
По средбата со Мелони спомена ретки украински минерали. Тој најави дека наскоро се очекува потпишување на договорот.
За потсетување, Доналд Трамп и Володимир Зеленски имаат нестабилни односи откако Трамп се врати во Белата куќа на 20 јануари оваа година, кога започна неговиот втор мандат. На крајот на февруари се одржа состанок во Белата куќа кога Трамп и Зеленски имаа жестока расправија пред новинарите.