„НЕ“ за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. „ДА“ за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, ваква порака уште од утрово беше закачена на Акропол на англиски и грчки јазик од страна на членовите на Комунистичката партија на Грција.
Воедно, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат во анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.
Фотографиите ги објави информативниот портал „902“, што важи за гласник на партијата.