Свет

Недостигот на снег ги затвори светски познатите планински одморалишта

Недостигот на снег ги затвори светски познатите планински одморалишта

Вљубениците во зимските спортови ги заменија француските Алпи за други скијачки центри. Сè потоплото време и недостатокот на снег ги затворија светски познатите планински одморалишта. Некои од скијачите се пренасочија кон Шкотска.

Во последните 25 години, Франција не била толку топла во овој период од годината. Зголемувањето на температурите е во просек од 7-8 степени.

Во швајцарскиот ски-центар Гштад е направен неуспешен обид да се испорача вештачки снег со хеликоптер. За време на празниците во одморалиштето работеа само 16 од вкупно 70 ски патеки.

Традиционално, англиските туристи претпочитаат бугарски скијачки центри поради пониските цени. Сепак, оваа година многу од резервациите за декември и јануари беа откажани поради недостаток на снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни