Неодамна на гости кај пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја биле музичари со кои соработува во странство кога прави свадби или прослави, па пејачката одлучила да ги изнесе во некој луксузен ресторан на вечера.
Според изворот за српските медиуми, музичарите работеле понекогаш и со Драгана Тодоровиќ – Јана, па од таму знаат дека таа има свој ресторан и предложиле да одат таму, но Стоја не сакала да слушне.
„Стоја во центар оди само кога мора, таа се завршува во близина на нејзината куќа, па со самото тоа има и омилени ресторани во тој крај, а сака и да седи на сплавови, бидејќи има и река во близина“, објаснува изворот и додава.
„Затоа и не ме чуди што кажала дека не сака кај Јана, само кратко одговорила „Ма што ќе правиме таму, има тука преубави ресторани и сплавови, не можам да одам таму, далеку ми е“, додава изворот.
Тој вели дека Јана неодамна се пожалила на поедини колеги како Стоја во последно време не и се јавува, односно дека не се во добри односи, но нагласила дека нема против неа ништо.
