Некои луѓе спијат со лимон покрај креветот, а кога ќе прочитате зошто и вие ќе го правите истото

Кога зборуваме за здрава храна, прва асоцијација претежно ни е лимонот.

Придобивките кои ги имаме од овој цитрус се повеќекратни. Да почнеме само од тоа што самиот мирис на ова овошје прави да се чувствуваме свежо и чисто – тоа не е без причина, бидејќи лимонот е природен антисептик, а неговиот сок е одличен во чистењето и на најтврдокорните дамки.

Освен тоа, познато е дека самиот мирис на лимонот го подобрува расположението на луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија. Ако сакате да видите како еден обичен лимон може да изведе вистинска магија, испробајте го следниот трик.

Секоја вечер пред спиење поделете лимон на четири дела, малку посолете го и ставете го во чинивче кое ќе го оставите на ноќната масичка.

Ќе ги забележите следните придобивки:

» Вашата соба ќе мириса одлично, поубаво отколку од освежувачот на воздух кој притоа е полн со хемикалии.

» Полесно ќе дишете. Ако страдате од астма, имате настинка или страдате од алергија, вистинската работа за вас е вдишување на воздух исполнет со мирис на лимон.

» Ќе ви се нормализира крвниот притисок.

» Лимонот ќе ги одбие од вас комарците и останатите инсекти.

» Ќе се разбудите со бистри мисли и без рапаво грло.

» Ќе бидете освежени. Целата поспаност ќе исчезне кога ќе го вдишите свежиот мирис на лимонот. Делува подобро од било кое кафе, проверено.