Сите ја знаеме познатата реплика „Нема да ти кажам, ќелави“, а девојката што ја изговара сега е успешна млада жена.
Тара Маниќ е позната девојка која ја изговара популарната реченица, а се уште се занимава со глума, само на поинаков начин.
Тара е родена 1994 година во Белград, а нејзиниот животен повик е театарска режија на Факултетот за драмски уметности.
„Уште во средно училиште решив дека тоа ќе биде режија. Јас бев прва
на списокот за упис“, рече таа.
Тара дипломирала како студент на генерацијата, од 2018 година станала стручен соработник на факултетот, а имала и голем број претстави со кои гостувала во десетина европски земји.
Има добиено награди во Полска, Русија, Литванија, Србија и зборува четири јазици (српски, англиски, португалски, француски).
„Да не добиев ангажман тогаш, не знам дали ќе се заљубев во тој свет. Кога ќе размислам, мило ми е и многу сум горда. Запознав прекрасни луѓе. Неодамна асистирав во Народниот театар и по 13 години ја запознав Соња Колачариќ – јас сум асистент, таа е актерка. Навистина ми беше драго“ – Тара се присети на својата улога и на почетокот на кариерата кога беше сосема мало девојче.

