Нема електронски картички за јавен превоз за граѓаните. Не можат да се најдат на продажните места, бидејќи истите веќе се потрошени. Овие луѓе чекаат да земат нови картички или пак да ги продолжат оние што ги имаат.
Зошто нема картичка како тоа нема?
Не знам и пензионерите сакат да извадат нови пензионерски картички ама нема.
Воопшто нема?
После Нова Година здравје.
Се обидовме да купиме картичка, но без успех. Вработените и денеска ни потврдија дека има недостиг на електронски картички.
Добар ден, сакам да извадам персонализирана картичка?
Тоа после Нова година ќе дојдеш.
Нема сега?
Нема картичка сега, месечно сакаш?
Да месечно. А веќе колку време нема, пошто другарка ми беше минатиот месец и немаше.
Нема, па ќе добиеме после Нова Година.
Ни за пензионер нема, така?
Не, само продолжување.
Здраво, сакам да извадам нова персонализирана картичка.
Од картичките нема ни персонализирани, ни неперсонализирани до Нова година, значи после Нова Година ќе ги вадите.
Зошто нема?
Нема, тендерот е од Нова Година, тоа што имавме на залиха сѐ е потрошено и никаде нема да најдете.
Од Јавното сообраќајно претпријатие, велат дека веќе ги порачале во Македонски Телеком. Според нив, порачаната количина од 250 илјади картички, се очекува да пристигне на почетокот на 2019 година.
„Можно е на одделни продажни места да нема персонализирани картички. Во изминативе неколку дена, имавме пријава само од три локации за недостиг на истите. Веднаш е направена порачка кај Македонски Телеком АД Скопје, со кој ЈСП Скопје има склучено договор со важност од една година за испорака на 250.000 електронски картички за систем за електронска наплата на билети. Согласно условите од договорот, се очекува нарачаната количина да биде испорачана во првите денови од новата 2019 година“, велат од ЈСП Скопје.
Доколку сакате користите јавен превоз во Скопје, морате да поседувате електронска картичка. Оваа одлука стапи во сила на 1-ви јануари 2017 година. Како што видовте и самите, на двете локации воопшто нема картички, а состојбата е иста и на другите продажни пункта. Друг начин да платите билет во автобус е преку телефон, но постарите велат дека не користат телефон.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ
