По повеќе од еден месец, епидемиолошката крива на позитивни случаи од тестирани на коронавирус, повторно оди нагоре. Во последните три до четири денови процентот е над 10% позитивни од вкупно направени тестови, а вчера имавме и зголемување до 13%.
„Изминатите неколку денови нешто е зголемен процентот на позитивни од вкупниот број на направени тестови, тоа се случуваше изминатите три денови имавме еден тренд на опаѓање од 10% стигнавме до 6,5%, а сега е околу 8%.“, рече Филипче.
Филипче додава дека она што не смее да се случи во следниот период е да нема преполни болници. Анализата сè уште е во тек, по завршувањето ќе се знае која е причината и дали има потреба од преземање на дополнителни мерки.
Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок не донесе одлука да се препорача целодневна настава за децата кои со физичко присуство треба да тргнат на училиште на 1 октомври. Од Комисијата побарале точни податоци од МОН колку деца во еден клас би користеле дневен престој за да можат да изготват соодветни протоколи.
Првично Комисијата не препорача да има целодневна настава, но овој проблем се отвори по реакцијата на голем број родители за тоа кој ќе се грижи за децата кога и двајцата родители се на работа, а часовите ќе им траат од 2 до 4 саати и ќе мора најдоцна до пладне некој да го земе детето од училиште.
.
