Студениот бран кој ја погоди Македонија предизвика сериозен проблем за граѓаните.
Имено, на пазарот речиси и да нема пелети за огрев.
Оваа ситуација предизвикува голема загриженост кај илјадници скопјани кои своите домови ги затоплуваат токму со овој енергенс, кој беше промовиран како поеколошка и поекономична алтернатива.
Екипите на терен потврдуваат дека вообичаените продажни места се празни, а големите магацини на увозниците и дистрибутерите имаат минимални или никакви залихи. Она малку што ќе пристигне, веднаш се продава.
Граѓаните се жалат дека се принудени да „фаќаат врски“ или да се запишуваат на долги листи на чекање само за да добијат неколку вреќи, колку да ја пребродат неделата.