Македонија

Нема потреба од прогласување кризна состојба во Тетово, заклучи ЦУК по одржан состанок

Нема потреба од прогласување кризна состојба во Тетово, заклучи ЦУК по одржан состанок

Центарот за управување со кризи попладнево одржа втор вонреден состанок за пожарот во Тетово. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека во моментов нема потреба од прогласување на кризна состојба во Тетово.

„Пожарот е локализиран, а температурата намалена за разлика од она што се случуваше во текот на денот. Нема опасност по граѓаните, опасноста е завршена имаме целосна контрола врз пожарот“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Инаку поради вдишување на чад шест лица побарале лекарска помош. Дел од нив завршиле на кислородна поддршка и биле хоспитализирани во тетовската болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни