Немаше двотретинско мнозиство: Косово не стана дел од Интерпол

На денешното Собрание на Интерпол во Дубаи, се гласаше за примање на Косово како нова членка во меѓународната полициска организација. Меѓутоа поради немање на двотретинско мнозиство, барањето на оваа држава да биде дел од Интерпол е одбиено.

Ова беше трет обид на Косово да стане членка на Интерпол, но и во третиот обид не успеа. Против примањето на оваа земја во Интерпол биле 51 држава, 68 држави гласале „ЗА“, а 16 биле воздржани.

„Денеска никој не победи, но губитници се Косово и Србија. Поголемиот дел од земјите беа за примање на Косово во Интерпол и покрај кампањата која ја предводеше Србија и која вршеше притисок на земјите да се спротивстват на кандидатурата на Косово“, рече претседателот Хашим Таши по исходот на гласањето.

И додека челниците на Косово се разочарани од одлуката, српските челници го слават овој момент како триумф на нивната земја.

 

Извор: ТВ21