ЕДНО ИНТЕРЕСНО, а за многумина малку необично, племе живее во областа помеѓу Белото Море и полуостровот Таимир, лоцирана на северниот брег на Сибир во Русија. Ненетите, племе кое некои го нарекуваат Самоједи или Јураци, живеат на екстремно ниски температури. Тие живеат во региони на Русија каде температурите паѓаат до -50 степени Целзиусови.
И покрај безмилосните услови, овој номадски народ преживеал повеќе од илјада години благодарение на ирвасите од кои добиваат месо (го јадат сирово или варено), а од крзното прават облека. Освен тоа, тие користат кожи од ирваси за да ги покријат своите домови и да се заштитат од студот, а нивните коски се користат за правење садови и делови за санки.
Ненетите јадат и риба, а жените собираат чист снег, кој потоа го загреваат во тенџере и добиената вода ја користат за пиење. Нивните домови се коскени шатори кои обезбедуваат доволно топлина кога се обложени со кожи од ирваси.
Годишно поминуваат две илјади километри и ги преместуваат камповите. Во зима, тие се наоѓаат јужно од делтата на реката Об, а потоа се движат кон северот на полуостровот Јамал. Од работа одмараат само еднаш годишно – кога се собираат на трки со санки и дружење.
Интересно е и тоа што Ненетите живеат во темница – од ноември до јануари во најсеверните области сонцето воопшто не изгрева. Културно и лингвистички, се разликуваат таканаречените шумски Ненец и тундра Ненец, кои живеат во северните региони.
