Неофицијално, гласањето за Договорот од Преспа во грчкиот Парламент во понеделник?

По добивањето на доверба на Владата од грчкиот Парламент, премиерот Алексис Ципрас следно што очекува е  ратификацијата на Договорот од Преспа, а гласањето е можно да се случи дури и во текот на следната седмица.

Договорот од Преспа, прво ќе треба да мине низ надлежните комисии во парламентот, потоа ќе биде донесен на пленарна седница, по што ќе следи гласањето, за кој неофицијално се очекува да биде во понеделник?

Владата ќе отпечати десетици илјади примероци од Договорот со цел да ја информира јавноста пред парламентарната дебата за ратификување на Преспанскиот договор.

Извор: ТВ21