Непроодно после Плетвар кај новите тунели, одрон и поплавен пат (ВИДЕО)

Од утрово целосно е непроодно движењето на патниот правец Прилеп-Росоман после Плетвар поради одрони и поплавување на патот.

Како што јавува репортерот на 4NEWS.mk од 7 часот целосно е непроодно на овој патен правец.

Во текот на ноќта во овој дел од земјава има големо количество на врнежи од дожд.

Погледнете каква е состојбата пред да тргнете на пат. Вознете внимателно и прилагодете ја брзината на движење.