Несреќата во Ниш со шеста жртва: Почина 70-годишна жена по девет дена борба за живот

70-годишната Г.С. која беше тешко повредена од несреќата кај Ниш откако воз удри во автобус, почина синоќа како последица на сударот кој се случи на 21. декември на еден од железничките премини во близината на градот.

И покрај напорите на лекарите да и го спасат животот, сепак, повредите на карлицата и на белите дробови беа фатални за оваа жена која не успеа да ја добие најважната битка.

Таа е шеста жртва во оваа несреќа, во која беа повредени и 34 лица.

Извор: ТВ21