НЕСТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Пороен дожд и грмежи

Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка, 22 Лазарополе, 24 Маврови Анови, 25 Тетово, Крушево, 28 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 29 Скопје-Петровец, Берово, Претор, 30 Охрид, 31 Прилеп, 32 Битола, Штип, Виница, 33 Струмица, Демир Капија, 34 Кавадарци, Велес, велат од УХМР.

Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 11 Охрид, 9 Лазарополе, Битола, 6 Маврови Анови, 5 Крушево, 4 Ѓуриште, 3 Претор, Прилеп, 2 Демир Капија, Тополчани, 1 Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина
воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
измерената.

Времето денес беше променливо облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дуваше слаб до умерен, а наместа засилен ветер од југозападен правец. Во Скопско ветерот достигнуваше брзина над 40, во Крива Паланка и Штип над 50, а во Пелагонија над 70 km/h. Доцна попладнево нестабилно беше претежно во јужните делови со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови
од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и
појава на град.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното