Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=33°C. P=978hPa. U=40%. V=3m/s.

Утре ќе се задржи топло време. Попладне, во текот на ноќта и во петок претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со појава на град. Во петок ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни