Македонија

Нестабилно време во повеќе региони: Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, во Полошкиот регион и во Струга

Нестабилно време во повеќе региони: Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, во Полошкиот регион и во Струга

Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладнево е регистрирана атмосферска нестабилност во повеќе делови од земјата.

Во 18:02 часот УХМР соопшти дека во планинските предели северозападно од Скопје има нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Слични временски услови се бележат и во Полошкиот регион, Овче Поле, како и во подрачјето западно од Струга.

Од УХМР ги следат временските состојби и апелираат граѓаните да бидат внимателни доколку се движат или престојуваат на отворено во погодените региони.

Исто така, невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, Гостивар и Македонски Брод! Правецот на движење е од север кон југ!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни