Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од западен правец, наместа со брзина над 80 km/h. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=29°C. P=970hPa. U=38%. V=6m/s.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.