Нетанјаху објави фотографија од вештачка интелигенција на која ја доделува Нобеловата награда за мир на Трамп

Службениот X профил на израелскиот премиер сподели уметно генерирана фотографија на која Бенјамин Нетанјаху му ја доделува Нобеловата награда за мир на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ова се случува по постигнувањето договор за првата фаза од прекинот на огнот во Газа.

Трамп, како што сам изјавува, веќе години води „не толку суптилна“ кампања за наградата, уште од првиот мандат, тврдејќи дека „многу луѓе“ сметаат дека ја заслужува.

По договорот за првата фаза од мирољубивиот план на Трамп помеѓу Израел и Хамас, на улиците на Тел Авив се појавија прославувачи кои, исто така, повикуваа американскиот претседател да го добие ова престижно признание.

Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен утре, а Трамп и неговата администрација јасно порачаа дека сметаат дека токму тој ја заслужува наградата, иако тоа многу веројатно нема да се случи.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.