Неверојатни придобивки од консумирање ленено семе

Лененото семе е дел од исхраната на многу народи веќе стотици години, бидејќи е многу корисно. Можете да го додадете на многу видови храна и да го збогатите вашето омилено јадење, и покрај одличниот вкус, на тој начин ќе внесете многу лековити состојки во организмот.

Погледнете на кој начин лененото семе ќе влијае на вашиот организам.

  • Богато е со омега 3 масни киселини кои имаат неверојатно влијание на целокупното здравје.
  • Лененото семе може да го намали нивото на лошиот холестерол во крвта и до 50%.
  • Ова семе исто така го намалува нивото и на триглицеридите за 25-60%.
  • Лененото семе превентивно влијае и на појавата на дијабетес и го регулира нивото на шеќер во крвта.
  • Само три лажички ленено семе содржат онолку омега 6 и омега 9 масни киселини колку што се наоѓаат во половина килограм риби.
  • Лененото семе е богато со хранливи влакна, па така влијае на правилното варење и го спречува запекот.
  • Лигнаните кои се наоѓаат во лененото семе делуваат превентивно на појавата на рак, срцеви болести и остеопороза.
  • Исто така тие го намалуваат воспалението и ефикасно ги ублажуваат тегобите предизвикани од артритис и лупус.
  • Лененото семе ви помага и да ги намалите вишокот килограми, бидејќи лесно заситува.

Секако, ова не е конечниот список на користите кои ги нуди лененото семе, па затоа, задолжително внесете го во вашата исхрана!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното