Тенерифе, едно од најпознатите туристички места во Шпанија, деновиве е погодено од силно невреме проследено со огромни бранови кои нанесоа значителни штети, особено на зградите кои се наоѓаа покрај самиот брег.
Во местото „Маса дел Мер“ неколку лица се евакуирани поради огромните бранови кои стигнуваа и до третиот спрат на зградите, рушејќи притоа и неколку балкони. Во зградите повеќе се туристички апартмани.