НЕВЕРОЈАТНО: Дрво расте среде Мртво Море

Дрво кое вирее на остров од бела сол сред Мртвото море не е баш глетка која секој би можел да ја очекува, но тоа е упорно и се наоѓа недалеку од плажата Ајн Бокек, кај градот Арад, во Израел.

Имено, науката вели дека со концентрација на сол 10 пати поголема од онаа на океанот, Мртвото Море никако не може да поддржи никаква флора или фауна, а сепак, близу израелското одморалиште на исто толку чудниот, а убав солен остров, опкружен со тиркизна вода, расте и дрво што, иако не очекувано, го нашло своето место баш овде.

Инаку, овие мали островчиња и околните слични солени брегови, се убави за око, но доколку сакате да ги користите како плажи за сончање, тоа би било многу болно, предупредуваат познавачите.  

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.