Поранешниот тренер на Партизан и легенда на овој клуб Саво Милошевиќ од бракот со Весна Милошевиќ има три деца. Иако ги држеше далеку од очите на јавноста во детството, ќерката Исидора привлече големо внимание со своите објави на Инстаграм.
Имено, таа денес има 20 години и е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, каде ја следат преку 10.000 следбеници. Секоја нејзина фотографија собира голем број лајкови и коментари.
Она што е јасно на прв поглед е дека Исидора ја наследи убавината од нејзината мајка Весна, но таа не крие дека љубовта кон Партизан ја наследила од нејзиниот татко.
Саво и Весна беа во брак цели две децении, по што следеше развод, иако важеа за хармоничен пар. Покрај ќерката Исидора, овој пар има и два сина, Никола и Борис.
