Дизни го објави првиот трејлер за документарната серија од три дела наречена „Битлси: Врати се“, за членовите на групата Битлси, во режија на Питер Џексон, која ќе биде прикажана на платформата Дизни +, пишува NME.
Ова достигнување ќе се состои целосно од досега невидени и обновени снимки и ќе ги врати фановите во 1969 година. Гледачите ќе можат да видат како Битлси се обидоа да снимат 14 нови песни и да го подготват својот прв концерт во живо.
Серијата од три дела се состои од преку 60 оригинални снимки и повеќе од 150 часа звук кои досега не беа достапни за јавноста, а повеќето од нив беа заклучени во трезорот повеќе од половина век.
Документарната серија ја прикажува последната изведба на Битлси за прв пат во целост. Концертот се одржа во лондонскиот Савил Роу. Вклучува и песни и класични композиции на последните два албума на групата, „Abbey Road“ и „Let It Be“.
Епизодите премиерно ќе бидат прикажани на платформата на 25, 26 и 27 ноември.
Претходно оваа недела, Ринго Стар откри дека Битлси имале понуда за повторно обединување на бендот во 1973 година, што тие ја одбиле.
Погледнете го трејлерот:
