Балкан

Невидено невреме го зафати бугарското село Бачково

Невидено невреме го зафати бугарското село Бачково

Невиден виор синоќа го зафати селото Бачково. Според очевидци, се се случило за неколку секунди.

Ветерот беше толку силен што фрли полни контејнери со ѓубре од тротоарот во реката.

Невремето собори 40-годишни дрвја. Еден од нив заробил два автомобили. Мештаните раскажуваат за паднати ќерамиди и патни знаци.

На патот Пловдив-Смолјан после Нареченските бањи паднаа уште неколку огромни дрвја, но тие веќе се отстранети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни