Деведесет и двегодишна Индијка пред шест месеци за прв пат седнала во училишна клупа и научила да чита и пишува, со што станала пример за другите жени од нејзиното село, јавуваат индиските медиуми.
Салима Кан е родена околу 1931 година, а се омажила кога имала само 14 години. Кога била мала, во нејзиното село немало училиште.
Пред шест месеци, придружувана од сопругата на нејзиниот внук, таа започна да оди на училиште во Буландшахр, во сојузната држава Утар Прадеш, и конечно го започна своето образование со деца кои се осум децении помлади од неа.
„Тајмс оф Индија“ пишува дека приказната на Салима Кан привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео од нејзиното броење до 100.
