Страшно невреме зафати делови од Македонија – следи го развојот од минута во минута!

Најавеното невреме во Македонија веќе зафати делови од Македонија. Делови од Кичево веќе се под влијание на невремето со силен ветер и дожд проследен со град.

17:35

Невремето зафати и делови од Скопје.

17:30

Откорнати дрвја во Битола. Силно невреме во Пелагонија.

Нестабилна облачна маса од југзапад со правец на движење кон североисток проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува да го зафати скопското подртачје.


Во овие моменти јужно од Кичево нестабилност проследена со пороен дожд.

„Јужно од Кичево нестабилност со можна појава на поројни врнежи од дожд и појава на град ,правец на движење е кон Кичево“, информираат од УХМР.

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Денес ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне променливо облачно со услови за локален краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.